20/04/2024
Охрид

Нова ограда во дворот на ОМУ „Методи Патче“

Екипи на ЈП „Градски Пазар“ – Охрид по налог на локалната самоуправа деновиве работат на реконструкција на постоечката и дооградување со нова ограда во дворот на ОМУ „Методи Патче“.

Проектот се реализира непосредно пред почетокот на школската година, а неговата вредност е 376.326 денари средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.