Нова турска компанија ќе лета од Истанбул до Охрид
Турската нискобуџетска компанија „Onur Air“, еднаш неделно, ќе воспостави директна авиолинија од Истанбул до Охрид. Летовите ќе започнат од 15 април и ќе траат во текот на туристичката сезона, до 7 октомври. Ова е резултат на успешните разговори што македонскиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески ги имаше со турските претставници во октомври минатата година.
Турската авиокомпанија има свои летови до Русија, Франција, Австрија, Германија, Холандија и Украина, со што постои можност за поврзување на охридскиот аеродром со овие дестинации.