20/04/2024
Македонија

Нови цени на нафтените деривати

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,40%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 95,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 98,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 95,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 94,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,503 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,343 ден/кг.


WebOhrid / 01.08.2022 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги