Нови цени на нафтените деривати

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,21%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 28.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 28.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 28.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,763 ден/кг.