Нови информативни табли на културните знаменитости во Охрид
Локалната самоуправа во соработка со НУ„Завод и Музеј“, како дел од своите програмски активности го реализираше проектот за поставување на информативни табли на објектите кои се означени како културно наследство во Охрид.
Информативните табли се поставени за полесно информирање на бројните посетители за значењето и суштината на знаменитостите. Текстовите на таблите содржат важни информации за објектите и се во насока на афирмација и промоција на oхридската култура и развој на културниот туризам.
Таблите се поставуваа во согласност со Одобрението издадено од Министерство за култура односно од Управата за заштита на културното наследство.