26/04/2024
Охрид

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

11 нови наслови кои се веќе обработени и од денеска можете да ги позјамите од НУ Билиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Најубава дружба за оние кои имаат слободно време на претек и сакаат да читаат, овие доцни есенски и врнежливи денови плус – корона пандемија, сигурно е книгата.

Во понудата има за секого по нешто. Најпрво ви ја претставуваме трилогијата „Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин“ од авторот Ренсон Ригс и останатите две книги со поднаслов: „Библиотека на душите“ и „Градот на чудовиштата“.

Во овој неделен избор за читање ви ги предлагаме и следниве наслови: „Тивки години“, Алена Морнштојанова, „Светски прваци“ од Славољуб Станковиќ, „Книга за пеколот“ од Емил Алексов, „Избрани песни“ од Влада Урошевиќ, „Лузитанија “ од Дејан Атанацковиќ, „Животот на Арсенев“ од Иван Бунин, „Богатството на цар Радован“ од Јован Дучиќ и „Министерството за верна среќа“ од Арундати Рој .

Пултот за издавање книги работи секој ден од понеделник до петок од 8:30 до 13:00 часот и од 13:30 до 18:30 часот со триесетминутна пауза за дезинфекција по протоколот за заштита од Ковид-19 .

Годишната членарина за возрасни е 300 денари, а за деца 200 денари.