20/04/2024
Македонија

Нови наставни програми за второ и трето одделение (предлог-верзија)

Ревизијата на наставните планови и програми заврши – подготвени се новите наставни планови и програми за второ и трето одделение.

Министерството за образование и наука бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми за второ и трето одделение.

Вашите коментари и предлози се добредојдени и ги очекуваме на npp@mon.gov.mk , а можете истите да ги доставите и до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).

НОВА НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА ВТОРО ОДДЕЛЕНИЕ

Преземете го наставниот план и програма на македонски јазикалбански јазиктурски јазиксрпски јазик.

НОВА НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ

Преземете го наставниот план и програма на македонски јазикалбански јазиктурски јазиксрпски јазик.