Нови подови во ОУ „Кочо Рацин“ во Долно Лакочереј

Со финансиска поддршка на општина Охрид  се заменуваат старите со нови  подови во подрачното основно  училиште „Кочо Рацин“ во село  Долно Лакочереј.  Нови пластифицирани плочки се поставуваат во пет училници од објектот. Проектот кој започна денес се очекува да заврши пред почетокот на новата школска година.

Изминатиов период  се изврши молерисување  на сите училници во централниот објект на ОУ  „Кочо Рацин“. Во тек е  јавен оглас за набавка за интернет конекција и  проценка за  поставување инсталации за  компјутерска опрема. Во завршна фаза се обуките за едукација на наставниот кадар за националната платформа за  далечинско предавање на наставните содржини.