28/03/2024
Македонија

Нови повисоки цени на нафтените деривати

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,53%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 30,823 ден/кг.