20/04/2024
Охрид

Нови училишни табли во ООУ „Кочо Рацин“

Со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата, деновиве се поставени нови училишни табли во сите училници на ООУ „Кочо Рацин“. Старите и дотраени зелени табли се заменети со нови бели табли.  

Седствата за набавка на новиот училишен инвентар се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Согласно програмата за образование и во текот на наредниот период ќе бидат реализирани слични инвестиции за подобрување на условите во сите училишни објекти во Охрид.


WebOhrid / 27.04.2022 / Општина Охрид