29/03/2024
Охрид

Новите членови се приклучија кон големото светско извидничко движење

Традиционално, по повод Патрониот празник на Охрид „Св.Климент Охридски“ во Извидничкиот центар во Охрид дадоа свечен извиднички завет нова генерација на извидници од Извидничкиот езерски одред Пионер со што истите се приклучија кон големото светско извидничко движење кое брои повеќе од 40 милиони членови.

Преку текстот на заветот, децата и младите симболично се заколнаа дека во иднина ќе чекорат, творат и живеат според „извидничките закони“ почитувајќи ги основните човекови права и развивајќи ги духовните вредности. Со помагање на помладите и почитување на постарите, а пред се родителите ќе успеат да го најдат потполното значење на истите. При тоа преку заветот се обврзаа дека ќе ја запознаа и чуваат својата Татковина.