18/04/2024
Македонија

Ново поскапување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,98% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 08.06.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар и со тоа од вечерва на полноќ малопродажната цена ќе бидат следните: ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 51,00 ден/лит и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 40,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 ден/кг и ќе изнесува 24,886 ден/кг.

Од 16.06.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 59,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 61,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 51,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 40,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 24,886 (денари/килограм)

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 8,254%, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 6,666%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за околу 7,820% и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,479% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,206%.

Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.