06/10/2024
Македонија

Ново зголемување на цените на горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,56%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 11.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 11.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 57,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 11.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 35,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,498 ден/кг.