13/07/2024
Охрид

Новогодишни пакетчиња и ручек за најмладите

Во пресрет на Новогодишните празници, традиционално, Општина Охрид во соработка со Црвен крст од Охрид организираат ручек за децата од социјално ранливите категории. Средбата беше организирана во ресторанот на ОУТУ „Ванчо Питошески“, а на присутните деца Дедо Мраз им подари пакетчиња.

Градоначалникот Стојаноски, во името на Локалната самоуправа на сите присутни им посака среќни празнични денови и многу здравје во новата 2018 година.