28/03/2024
Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид ќе организира општински натпревар за млади библиотекари

Библиотекарското здружение на Македонија, традиционално секоја година организира Републички натпревар “Млади библиотекари”. 

НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид ќе организира општински натпревар за млади библиотекари.

Натпреварот ќе се одржи на 24.10.2019 година во просториите на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, со почеток во 10 часот. Право на учество на општинскиот натпревар имаат учениците и членовите на библиотеките од Основните училишта на Општина Охрид како и членовите на Библиотеката до 14 годишна возраст.

Комисијата ги упатува заинтересираните ученици за учество во натпреварот да го користат новиот прирачник Библиотекарство Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот “Млади библиотекари”, од Благој Н. Николов, Гордана Пешевска и Дијана Кирова во издание на Библиотекарското здружение на Македонија издадено 2018 година, според кој се формираат прашањата. 

Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од еден час (60 минути). Натпреварувачите се потпишуваат со шифра.
Победниците од овој натпревар се стекнуваат со право на учество на Републичкиот (државен) натпревар, кој оваа година ќе се одржи во библиотеката “Браќа Миладиновци” во Скопје 15.11.2019 година.

Ве молиме најдоцна до 10.10.2019 година да не информирате за Вашето учество и бројот на натпреварувачите од Вашето училиште.

За дополнителни информации обратете се во НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид на телефон 046/262-064, контакти со Елизабета Бојчевска, Весна Симоновска и Никола Ристовски.

Со напомена: Прирачникот се набавува преку БЗМ Скопје на тел. 072/234-424; 078/208-449 по цена од 250 ден.