24/04/2024
Охрид

НУ Библиотека продолжува со своите активности да биде поблиску до читателите и јавноста

НУ Библиотека продолжува со своите активности да биде поблиску до читателите и јавноста. 

декмеври

Од денеска до петок во НУ Библиотека „Григор Прличев“ поставена е изложбата на дела под наслов: „Роднокрајни автори – родени во декември“.

Во овој месечен преглед опфатени се: Никола Јанев, Дејан Пановски, Џеладин Емини, Ѓорѓи Тодоровски и Милчо Јованоски.

деца нас

Охридската библиотека и  Факултет за странски јазици при ФОН Струга и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ја продолжуваат воспоставената соработка и заеднички ја  дисперзираат по основните училишта во Охрид.

деца

Под наслов:  „Да го поттикнеме говорно – јазичниот развој кај децата, свесноста за изразните можности“ првите пет Работилници со деца се одржаа неодамна во ОУ „Ванчо Николески“ -Лескоец.

Вчера и денеска студентите од ФОН со нивната професорка Габриела Неделкоска и предметните наставнички по англиски: Марија Симиџиоска – Стојаноска и Елизабета Митрушеска се меѓу учениците од прво до трето одделение во ОУ „Кочо Рацин“ во Радојца Новичиќ и во Долно Лакочереј.

студенти

Целта е низ интерактивна игра  да се поттикнат јазичните активности за развивање читачки вештини, односно усвојување на вокабулар на игрив начин, прилагоден за возраста на учениците.