Нухиу: „Ние сме упатени на кооперативност и заедничка борба против финасискиот криминал и финансирањето тероризам“

„Не е веќе клучно прашањето дали е потребна соработка, туку прашањето – како и на кој начин заедно да ја интензивираме, концептуализираме и систематизираме таа соработка во интерес на националната, регионалната и генерално, меѓународна безбедност. Впрочем, сето она што заедно го минавме во изминативе неколку години, вклучително и по однос на терористичките закани, повеќе од кога и да е не упатува едни на други, нужно наметнувајќи ги кооперативноста, солидарноста и координацијата како фундаментални принципи за градење занички стратегии за соработка“.

Ова меѓу другото го истакна заменик министерот за внатрешни работи проф.д-р Агим Нухиу во своето денешно обраќање на Регионалниот семинарот посветен на “ Заедничката регионална соработка во југоисточна Европа во борбата против финансискиот криминал, со посебен фокус на перењето пари и финансирањето на тероризмот“.

Според заменик министерот Нухиу тероризмот денес и по својата форма и по својата содржина, очигледно ги надградил сопствените потенцијали, особено глобализирајќи ја својата, идеолошка подлошка како наднационална, со што драстично ги видоизменил и инфраструктурните, логистичките па дури и техничките перформанси во делувањето.

Елаборирајќи зошто е неопходно заедничко ангажирање, отворена и блиска коперативност во насока на поефикасна борба и превенција од финансискиот криминал и тероризмот, заменик министерот Нухиу нагласи дека – “сосема е разбирливо зошто е потребен посилен, подетален, и посеопфатен фокус кон криминогените финансиски операции не само заради лоцирање на овој – сам по себе – облик на криминал, туку и на лоцирање на трагите коишто можат да не одведат на теренот на терористичкот делување“.

Инаку, на Регионалниот семинар кој што денес и утре ќе се одржува во Скопје, а во коорганизација на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и Италијанската амбасада во РМ, претставници на владини институции, на меѓународни организации и експерти од областа на финансискиот криминал од земјите на ЈИЕ ќе разговараат на повеќе теми од областа на финасискиот криминал со посебен акцент на финасисрањето на тероризмот.