20/04/2024
Писма/Колумни

НВО Коалиција на Египќани: Бараме да се официјализира 24 јуни – Денот на Балканските Египќани

Денес, во услови, кога сите декларативно се залагаме за еднаквост, рамноправност, демократски вредности и начела, ЕУ, НАТО, недозволио е, да не се официјализира 24 Јуни, денот на Балканските Египкани. Денес, имаме над 1 милион Египкани на Балканот,околу 30.000 во Р.Македонија,и покрај многуте празници и денови на другите етнички заедници, Египќаните се чувствуваат отфрлено, маргинилизирано, неинтегрирано, запоставено во сопствената татковина. Имаме природно право на свој ден, кога веќе имаат и другите, кои прославите ги злоупотребуваат за испраќање политички пораки. Единствено што треба да се направи, е да се интервенира во Законот за празници, и овој ден да добие официјален карактер во нашата земја Р.Македонија. Јас, сум убеден дека има и политичка волја и демократски капацитет, овалегитимно барање да се реализира. Свој ден имаат припадниците на етничките заедници Роми, Бошњаци, Турци и други, а зошто да немаат и Египканите??? Ако вака се продолжи, Египќаните ќе се претопат во други етнички заедници.

Демир Далип – НВО Коалиција на Египќани

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.