29/03/2024
Охрид

НВО Коалиција на Египќаните со честитка за Денот на независноста на Р.Македонија

Лидерот на НВО Коалиција на Египќаните, Демир Далип упати честитка до граѓаните по повод 8ми септември,  Денот на независноста на Р.Македонија.

„Почитувани грагани на Р.Македонија

Дозволете ми, во мое име, како и во име на членовите, подржувачитеи симпатизерите на НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ, да ви го честитам 8 Септември-Денот на Независноста на Р.Македонија.

Р. Македонија, е наша единствена и заедничка татковина, друга немаме. Патот до нејзината Независност, беше многу тежок, стрмен, за кои се вложија и жртвуваа многу животи. Слободата и Независноста се врвни приоритети и до нив се доага со многу напор, многу саможртвувања, многу труд и за жал, прелеана крв. Денес, сите ние граганите на Р.Македонија, сме горди што имаме Независна, Самостојна и Слободна Р.Македонија. Наша задача и обврска е да инвестираме во нејзината стабилност, рамноправност, благосостојба и взаемно почитување. Нека е честит и вековит 8 Септември-Денот на Независноста на нашата мила Р.Македонија.“- стои во честитката.