28/03/2024
Охрид

Објавена хаику книгата „Знаци на ветрот“ од Пере Ристески

Во издание на Издавачката куќа ПНВ – Скопје, со финансиска поддршка од Министерството за култура на РМ, деновиве излезе од печат најновата книга со хаику поезија „Знаци на ветрот“ од Пере Ристески.

За најновото хаику остварување на Ристески, Елена Пренџова вели: Знаци на ветрот од Пере Ристески претставува збогатување на современата македонска книжевност со ретка објава од поинаков карактер од традиционалниот или глобалниот постмодернистички тренд. Вдишувањето на оваа книга во календарот на нашата книжевност претставува забележување со црвено на датумот на публикување како празник кој треба да се слави.

Хаику поезијата на Ристески е објавувана во реномирани списанија во Европа и светот.