20/04/2024
Македонија

Облачно време со дожд, од петок стабилизација со повисоки дневни температури

Од УХМР информираат дека и денес ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладне и поинтензивни ќе бидат во западните и крајните источни делови (локално над 15л/м2). Само на повисоките планини ќе има повремен снег. Во јужните делови ќе има услови за локална појава на грмежи.

Утре ќе биде претежно суво, a во четврток повторно ќе има локални врнежи кои на планините ќе бидат од снег. До четврток повремено ќе дува засилен ветер, утре и во среда од јужен и југозападен, а во четврток од северозападен правец. Од петок ќе настапи стабилизација со значително повисоки дневни температури за време на викендот.