20/04/2024
ОхридСпорт

Од 15 мај до 5 јуни фудбалското игралиште при Градскиот стадион „Билјанини Извори“ ќе биде затворено за користење

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека од 15 мај до 05 јуни 2022 година Градскиот стадион „Билјанини Извори“ – фудбалското игралиште, ќе биде затворено за користење. Имено во наведениот период на фудбалскиот терен при Градскиот стадион ќе се вршат тековни годишни активности (дупчење, садење на трева и фрлање на ѓубриво) кои се во насока на подобрување на условите на фудбалското игралиште.

ЈП „Билјанини Извори“ и во наредниот период ќе биде фокусиранa согласно годишната програма за подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува претпријатието.


WebOhrid / 13.05.2022 / ЈП „Билјанини Извори“