Од 23 до 31 март фудбалскиот терен на Градскиот стадион „Билјанини Извори“ ќе биде времено затворен
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста, посебно фудбалската, дека од четврток 23 март до 31 март Градскиот стадион „Билјанини Извори“ (фудбалскиот терен) ќе биде затворен за користење.
Месец март вообичаено е месец кога се вршат активности поврзани со фудбалскиот терен, а се со цел, подобрување на условите за тренирање и натпревари на фудбалските тимови. Вработените во одделението градски стадион од четврток ќе започнат со реализација на предвидените активности и тоа аерификација, ѓубрење и садење на трева.
ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на сите за разбирањето и соработката, посебно на фудбалските школи и тимови.
WebOhrid / 21.03.2023 / ЈП „Билјанини Извори“