06/12/2024
Македонија

Од 37-та седница на Владата на РМ: Усвоен предлог буџетот за 2018 година

Владата на Република Македонија на својата 37 седница, што се одржа вчера, го разгледа и усвои Предлог Буџетот на Република Македонија за 2018 година, и донесе заклучок предлогот за буџетските трошоци за наредната година да биде пуштен во постапка на дебата и усвојување во Собранието на Република Македонија.

На оваа седница владата го разгледа и усвои и Предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

На предлог на Министерството за финансии, владата на оваа седница го разгледа и усвои документот за Фискална стратегија на Република Македонија за 2018-2020.

Министрите во владата денеска го разгледаа и усвоија и Предлог-законот за изменување на Законот за задолжителни нафтени резерви.

На оваа седница владата го разгледа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход. Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата.