24/04/2024
Македонија

Од четврток авиолинија Скопје – Атина

ТАВ Македонија и Aegean Airlines на Скопскиот аеродром ќе го одбележат отпочнувањето на летовите од Скопје до Атина.

Настанот ќе се одржи в четврток, 1 ноември 2018, со почеток во 18:00 часот, на скопскиот аеродром.

Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и г-дин Панос Николаидис, директор за земски операции во Aegean Airlines.