19/04/2024
Македонија

Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за два, а дизелот за половина денар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 14.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,50 ден/лит, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 14.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,311 ден/кг.