Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, ноќеска по полноќ во 2 часот почнува летното сметање на времето.

Веќе од следната година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но оставена е можност секоја членка на Унијата да избере дали ќе остане на летното или на зимското сметање на времето.