19/04/2024
Македонија

Од печат излезе збирката поезија „Мостови на пријателство 3“ по повод 28 Септември – Денот на Бошњаците во Македонија

Традиционално по трет пат, а по повод одбележувањето на 28 Септември – Денот на Бошњаците во издание на Диван, од печат излезе збирката поезија „Мостови на пријателство 3“ од група автори од РС Македонија и регионот. Песните се напишани на босански и македонски јазик. Печатењето на збирката е подржано од страна на Министерството за култура

Во книгата се застапени песни од 51 автор, на 188 страни се наоѓаат стихови кои градат мостови на љубов и разбирање помеѓу луѓето во нашата земја, регионот и пошироко.

Иницијатива и идеја за веќе трета радост со која се спојуваат луѓето, создаваат пријателства и шират позитивни пораки преку пишаниот збор е на Доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ. Ехото кое одекнува благодарение на Здружението Диван продолжува. Ова дело е трета цигла вградена во мостот што спојува култури, а квалитетот е основна мерка за вредност. Ширината и длабочината се антологиски, присатна во секоја песна, во секој стих. – стои во дел од рецензијата на најпознатиот бошњачки писател од Македонија, Шефкија Боранчиќ.

Промоцијата на збирката поезија „Мостови на пријателство 3“ ќе се одржи во четврток на 26.09.2019. год., со почеток во 19:00 часот во Ликовниот салон во Велес, а по повод одбележувањето на 28 Септември – Денот на Бошњаците. Освен промотори, автори и пригодни музички точки, ќе се обратат и Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и пратеникот во Собранието, Зеќир Рамчиловиќ.