28/03/2024
Македонија

Од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови

Во следните денови ќе се задржи претежно облачно време со утринска магла по одделни котлини. Под влијание на влажен бран од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Од утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што за време на викендот ќе услови повисоки дневни температури.