24/04/2024
Македонија

Од полноќ нови цени на горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,13%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.07.2019 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.07.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,739 ден/кг.