20/04/2024
Македонија

Од полноќ поевтини цени на горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,92%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 98,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 94,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,277 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,463 ден/кг.


WebOhrid / 05.09.2022 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги