19/04/2024
Македонија

Од полноќ поевтинуваат нафтените деривати

Спорен најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Р.Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 5,54%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 4,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.10.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 4,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.10.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,281 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.10.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 35,133 ден/кг.