19/04/2024
Охрид

Од понеделник започнува примената на зонско паркирање во Охрид

ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека согласно одлуката донесена од страна на Советот на општина Охрид на ден 14. 06. 2018 год.за давање на согласност на Одлуката за степен на ограничување на паркирање ( зонско паркирање ) во општина Охрид на ден 02. 07 2018 година (понеделник) ЈП Билјанини Извори започнува со примена на зонското паркирање како што е регулирано во одлуката на Советот на град Охрид.

„Сите граѓани на Охрид, гости, посетители ги известуваме дека од понеделник ЈП Билјанини Извори ќе врши наплата на паркирањето од 7 и 30 до 03 часот секој ден од неделата. Наплатата ќе се врши преку СМС систем и тоа преку следниот телефонски кориснички број 144 644. Ги замолуваме сите наши корисници да го следат упатството поставено на инфо таблите на сите улици на кои ние вршиме наплата согласно СМС системот и строго да се придржуваат кон насоките за користење на паркинг местата.“- информираат од ЈП Билјанини извори.

Доколку имате нејаснотии или ви е потребна консултација може да се обратите кај контролорите на ЈП Билјанини извори или на следниот телефонски број 078 298 – 359.