25/04/2024
Охрид

Од среда започнуваат уписите за есенскиот циклус од Бреинобреин програмата

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид во есенскиот циклус, започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

„Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.“ – информираат од Црвен крст Охрид.

Уписите започнуваат од 4 септември 2019, и ќе траат 10 дена. Уписните формулари, како и информации за оваа програма заинтересираните можат да добијат во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 8-16 ч. На 14.09.2019 (сабота) од 10-14 ч. во просториите на Црвен крст Охрид предвиден е отворен ден за презентација на БОБ програмата.

Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2010 година. За успешноста на нашиот БОБ-Црвен крст Охрид центар говорат бројните трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на петте државни натпревари одржани во Скопје во 2012, 2013, 2015, 2016, 2017 и 2018 година, како и на меѓународните натпревари во Загреб, Хрватска и во Дубаи, Обединети Арапски Емирати во 2015, 2017 и 2018 година.