26/04/2024
Охрид

Од утре почнуваат подготовките спортската сала „Билјанини извори“ да стане регионален вакцинален центар

Од утре почнуваат подготовките спортската сала „Билјанини извори“ да стане регионален вакцинален центар по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Скопје.  Денеска со претставникот од Министерството за здравство ги финализиравме активностите, вели градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Сега салата е целосно испразнета од реквизити, ослободен е просторот, и откажани се сите натпреварувања, подготовки на спортисти, тренинзи.
Во салата предвидено е да има:
🔹14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,
🔹14 приемни пунктови и 28 вакцинални места,
🔹Нов агрегат за фрижидерот за вакцините,
🔹Оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар на министерството за здравство,
🔹Седиштата кој се потребни во системот на вакцинација на граѓаните.
Спортската сала „Билјанини Извори“ се става во функција на министерството за здравство за потребите за вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.