25/04/2024
Македонија

Од утре студен бран со врнежи од дожд и снег

Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег.

Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе започне да дува умерен северен ветер кој во вторник и среда ќе биде засилен. Повремен локален снег ќе има во вторник, а од среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури (на места и под -10 степени), а и дневните на места ќе останат негативни.