20/04/2024
Охрид

Од утре во Охрид започнува да функционира пајак-служба

Согласно одлуката со број 02-793/2 од Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ за основање на нова подружница, Пајак служба, како посебна организациона целина на претпријатието и согласно одлуката на Советот на Општина Охрид со број 08-9420/10 за пренесување на правото на користење на товарно моторно возило за специјална намена – пајак, ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека од утре 19 јули (вторник) 2022 година ќе започне да функционира Пајак служба на територијата на општина Охрид.

ЈП „Билјанини Извори“ апелира до сите корисници на автомобили да се придржуваат кон сообраќајните правила во делот на паркирањето на возилата.


WebOhrid / 18.07.2022 / ЈП „Билјанини Извори“