23/04/2024
Охрид

Одбележан 2. Април Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам

Со осветлување на зградата на Општина Охрид во сина боја, Општина Охрид се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам.

Околу 1% од светската популација се лица со аутистичен спектар на нарушувања. Се претпоставува дека 7 милиони луѓе во Европска Унија и околу 15 до 20 000 лица во  Република Македонија имаат аутистичен спектар на нарушувања.

Со резолуција на Генералното обрание на Обединетите нации од 2007 година, 2 Април се одбележува како Меѓународен ден на аутизмот.

Во рамки на надлежностите и можностите, Општина Охрид, финансиски и материјално ги поддржува организациите кои работат со овие лица.


WebOhrid / 02.04.2022 / Општина Охрид