19/04/2024
Охрид

Одбележан Денот на ретките болести во Охрид

Денес, со марш низ охридските улици беше одбележан Денот на ретките болести, на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта како и Сојузот на училишен спорт кои ја дадоа својата поддршка за лицата заболени од ретки болести.

Маршот започна од пред гимназијата „Св.Климент Охридски“, по улицата „Јане Сандански“ и Кејот „Македонија“ па сè до плоштадот „Св.Климент Охридски“.

Помагатели на овој настан се градоначалникот д-р Јован Стојаноски, Секторот за внатрешни работи, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Црвен Крст како и бројни институции и поединци.