18/04/2024
Охрид

Одбележан Денот на шегата

Маскирани во  пеперутки, самовили, супер херои, вештерки, пчели  и бубамари најмладите охриѓанчиња  згрижени во ЈОУГД „Јасна Ристеска“ го одбележаа светскиот ден на шегата први април.  На  забавата организирана на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“  меѓу присутните беше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

Први април е денот  кога никој нема да ви се налути, доколку го и излажете или некој ве излаже вас, ден кога освен правењето разни шеги и будалаштини, дозволено е и маскирање и имитирање на некој друг. 
Забавите на Охридскиот плоштад по повод 1-ви април  имаат традиционален карактер.