20/04/2024
ОхридСпорт

Одбележан Меѓународниот ден на физичката активност

Со низа настани, денес, се одбележа Меѓународниот дена на физичката активност. Ученици од сите општински основни и средни училишта учествуваа во одбележувањето. Градоначалникот ги поздрави присутните и организаторите, потенцирајќи ја неопходноста од секојдневата физичка активност.

– Уште од античко време е позната максимата „Во здраво тело, здрав дух“, што ја отсликува посакуваната оптимална здравствена состојба на секој поединеци укажува на неопходноста од сејдневната физичка активност. Токму денес на Меѓународниот ден на физичката активност, Општина Охрид и Сојузот на училишен спорт Охрид, ја организираат оваа манифестација, за да ја поттикнат физичката активност и спортот кај најмладите, но и кај повозрасните, рече градоначалникот Кирил Пецаков.

За почеток присутните ученици се загреваа со аеробик, а ревијални натпревари се одгираа во футсал, баскет, пинг понг, велосипедизам, одбојка, шах. Потоа едрење и кајак во организација на ЕК „Акватика“ и КК „Стрмец“, а дел од учениците од средните училишта планинареа заедно со Жанко Голабоски и шампионот во планинско трчање Дејан Ангелоски.

 

Den_fizicka_aktivnost_10052022001


WebOhrid / 10.05.2022 / Општина Охрид