29/03/2024
Охрид

Одбележан патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Со свечена прослава, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа патрониот празник на училиштето.

Пред присутните се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, кој најпрво се заблагодари на сите присутни во салата. Директорот Чингоски, на најуспешните ученици им додели награди.

Во продолжение на прославата следуваше богата културно-уметничка програма во изведба на учениците од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти.

ОУ „Живко Чинго“, Велгошти годинава одбележа 142 години од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците од ова училиште постигнуваат одлични резултати во нивното школување, а од ова училиште произлегле и многу успешни граѓани во Република Македонија.

WebOhrid