25/04/2024
Охрид

Одбележан празникот Митровден

Градоначалникот, Јован Стојаноски присуствуваше на големиот црковно народен собир, што по повод празникот Свети Великомаченик Димитрија денес се одржа на градскиот плоштад во Охрид.

Заедно со своите сограѓани, градоначалникот Стојаноски запали свеќа за здравје, а присуствуваше и на традиционална празнична трпеза со гравче.

Чествувањето по повод празникот беше збогатена со богата културно- уметничка програма.

Традицијата на одбележување на Митровден кај истоимената црквичка на градскиот плоштад во Охрид пред неколку години ја започна охриѓанецот Никола Велјаноски – Бикче.