Одбележан празникот посветен на Св. Вмч-ца Ирина кај Свиништа

Денес е празник посветен на Светата Великомаченичка Ирина. Традиционално жителите од Свиништа и околните места на овој ден ја посетуваат црквичката посветена на оваа Великомаченичка која се наоѓа на патот кај селото Свиништа.

По повод празникот во црквичката беше отслужена света литургија, а од страна на домаќините од Црквата обезбеден беше и ручек за присутните верници.

За многу години!

WebOhrid