19/04/2024
Охрид

Одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Денес во Охрид беше одбележан Светскиот ден на Црвениот Крст и Црвената полумесечина. Свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан положија делегации од Црвен Крст и од здружението „Анри Динан“ од Струга, како и делегација од Општина Охрид предводена од претседателката на Советот, Живка Ангелоска.

Светскиот ден на Црвен Крст е воспоставен по повод 8-ми мај, датумот на раѓање на основачот на организацијата Анри Динан.

„Денеска традиционално се одбележува 8-ми Мај, Светскиот ден на црвениот крст и Црвената полумесечина, денот кога е роден основоположникот на Црвениот крст, Анри Динан, денот кога се мобилизира меѓународната заедница во рамки на Црвениот крст, за да потенцира колку е потребна солидарноста, хуманоста, толеранцијата и здруженоста на сите субјекти, луѓе, капацитети, за да им се помогне на ранливите категории на граѓани кои што ги имаме премногу, насекаде во светот, но и овде кај нас во Охрид и во Дебрца, секојдневно се соочуваме со најразлични потреби и барања од категории на граѓани кои што се навистина ранливи, кои се со некој хендикеп, социјално загрозени, и навистина гледаме да им излеземе во пресрет со сите капацитети кои што ги имаме, постојано се мобилизираме, постојано ги надградуваме нашите капацитети и помагаме онолку колку што можеме. Најмногу се бараат прехранбени производи, но во последно време и помош за здравствена заштита, за некои операции, за билети да се оди некаде да се врши некоја интервенција на пациентите, имаме многу барања за деца, имаме голем број на хуманитарни акции кои што ги организираме токму за да им помогнеме на тие луѓе, но навистина треба хуманоста, мобилизирањето на јавноста да се подигне на повисоко ниво, ние постојано апелираме, ги замолуваме сите оние поединци, фирми, институции, корпоративниот сектор, да ја искажат својата општествена одговорност и да ги насочи своите хумани можности кон Црвениот крст, затоа што навистина имаме преку илјада волонтери, имаме мрежа на волонтери која е разгранета во сите области во делувањето овде во Црвениот крст во Охрид и во Дебрца, во сите села, во сите рурални средини, така што имаме повратни информации каде има потреба од помош, ги лоцираме луѓето, ги проверуваме, одиме на терен да видиме дали тие луѓе имаат навистина потреба од помош, каква помош, ја идентифицираме таа потреба и понатаму помагаме.“ – истакна Сашо Точков, претседател на Црвен крст Охрид.

WebOhrid