24/04/2024
Охрид

Одбележан Светскиот ден на детето во ОУ „Григор Прличев“

Денес е Светскиот ден на детето, имено на овој ден во 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето, а во 1989 годнина на истиот датум ја освои Конвенцијата за правата на детето.

Под мотото „ Сакаш ли да ми се насмевнеш? Сакаш ли да ме гушнеш? “ Учениците од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид и ПУ нас. Рача го одбележаа овој ден. Учениците од IX одделение ги посетуваа своите помали другарчиња од училиштето покажувајќи им пароли и дарувајќи им насмевка и прегратки , цврсто потенцирајќи ги правата на децата според Конвенцијата на правта на децата. Учениците од одделенска настава од централното училиште ги посетија соучениците од погорните одделенија носејќи ги насмевките во своите раце и на своите лица.

20 Ноември и донесувањето на Конвенцијата на правта на децата „е важен цивилизациски исчекор и клучен документ“. Децата се нашата иднина… а борбата за посреќно детство никогаш не треба да престане.