28/03/2024
Охрид

Одбележан Светскиот Ден на Извидниците, 22-ри Февруари

Извидничкиот Езерски Одред „Пионер“ од Охрид и оваа година почитуваќи ги епидемиолошките мерки за заштита од вирусот го одбележа Светскиот Ден на Извидниците, 22-ри Февруари.  На патеката „Баден Пауел“, 20 млади извидници поделени во помали групи на интересен и едукативен начин имаа можност да ги покажат и применат стекнатите вештин, да научат нешто ново, да се забавуваат и притоа да направат добро дело за својата заедница.

На оваа патека групите добија насоки во вид на загатки чие решение ги водеше од една до друга контрална точка, а на секоја од контролните точки имаше задача која секоја група требаше да ја реши и совлада за да може да продолжи понатаму се до крајот.  

Во меѓувреме, додека се движеа по патеката, групите ја покажуваа својата хуманост и грижа за животните, па ги хранеа уличните кучињата и оставаа храна за птиците близу нивните живеалишта. Храната за птици, извидниците ја положуваа во куќичките за птици поставени од страна на ИЕО „Пионер“ преку проектот “Среќни Птици”од пред неколку години, во чии рамки изработија и поставија 50 куќички за птици во околината и НП Галичица.

На крајот од оваој настан сите извидници кои учествуваа во креирање и реализација на оваа активност на крајот се победници, бидејќи наша цел беше извидниците да ги покажат стекнатите вештинии на креативен начин да ги искористат стекнатите знањеа, да научат нешто ново, да ја зачуваат природата и на достоинствен начин да се одбележи Светскиот ден на Извидниците.

Патеката го носи името на Британскиот генерал Роберт Баден Пауел, основоположник на извидничкото движење, а 22-ри февруари е датумот на неговото раѓање. Во 1907-та година, тој ја формирал првата скаутска дружина, во која на децата им ги пренесувал своите стекнати животни искуства. Од тогаш до ден денес во светот има повеќе од 40 милиони извидници во скоро сите земји кои активно работат во сферата на неформалното образование помагајќи им на децата и младите да станат личности горди на себе и корисни за општеството покажувајќи ги при тоа хуманите вредности на секое поле од животот.