24/04/2024
Охрид

Одбележана годишнината од смртта на Христо Узунов

Со низа свечености општина Охрид ја одбележа годишнината од смртта на Христо Узунов. Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска и секретарот Игор Бежоски синоќа во ЦК “Григор Прличев” ја проследија централната свеченост по повод одбележувањето на патронатот на ОУ „Христо Узунов“.

Утрово, делегација на општина Охрид предводена од претседателката Ангелоска положи цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во градскиот парк. Цвеќе положија и потомците на Узунов,  политички партии и невладини организации , а се одржа и пригодна културна програма.

Свеченостите завршија со панихида и полагање цвеќе на гробот на Христо Узунов во с. Цер.