18/04/2024
Охрид

Одбележани годишнините од раѓањето и смртта на Марко Бошњаков

Делегации од Општина Охрид , од   Подрачната единица на историскиот архив на Македонија и од  Сојузот на Борци   од НОБ, денес  пред спомен плочата на Марко Бошнаков положија цвеќе  по повод 140 години од раѓањето и 110 години од неговата смрт.

Еден час подоцна во големата сала на општина Охрид историски час за Бошнаков одржа Горан Митрески од НУ “Завод и музеј“- Охрид. Меѓу бројната публика беше и дел од семејството на познатиот охридски гемиџија.