16/04/2024
Охрид

Одбележување на 105 години од Охридското востание

Во големата сала на општина Охрид, утре на 12.09.2018 година (среда) со почеток во 12:30 часот, ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на 105 години од Охридското востание.

На одбележувањето, што го организира Локалната самоуправа, ќе биде прикажан видео- запис од документарниот филм „Охридско востание“ (македонско-албански бунт) на режисерот Илија Пиперкоски, а историски час ќе одржи д-р Никола Митровиќ.